Претседателот на Украина вели дека сè уште не е утврден конечниот датум за планираните мировни преговори меѓу Украина и Русија со посредништво на САД, но очекува тие да се случај на почетокот до средината на ноември
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека планираните мировни преговори меѓу Украина и Русија, кои треба да се одржат со посредништво САД, ќе се одржат кон средината на ноември. Сепак, рече дека официјален Вашингтон сè уште го нема утрврдено конечниот датум за средбата.

„Планот е да се сретнеме во првата половина на ноември – и тоа што е можно поскоро, се разбира. Се надевам дека средбата ќе се одржи некаде помеѓу 6 и 10 ноември“,
рече Зеленски на прес-конференција со холандскиот премиер Роб Јетен во Хаг.
Локацијата е предвидена за Абу Даби, но може да се промени зависно од ситуацијата на Блискиот Исток.
Зеленски ја нагласи важноста од продолжување на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и ставање крај на војната, додавајќи дека во разговорите треба да биде вклучена и Европа.
Според него, една или две рунди од мировните разговори би можеле да го отворат патот за трилатерален самит на кој би учествувале тој, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Можноста за средба со Путин, според него, засега останува неизвесна.
„Не знам кога ќе имаме состанок со Русија на лидерско ниво. Тоа многу зависи од руската страна, бидејќи тие никогаш порано не го поддржале ова“,
изјави украинскиот претседател.
Изјавите на Зеленски следуваат откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека многу наскоро ќе се одржи средба помеѓу лидерите на Украина и на Русија.
