Овој протест, со возила, како и протестите што се одржаа уште во неколку поголеми градови во внатрешноста, беше против криминал, корупција и политички прогон
Оваа власт додека ги пушта криминалците на слобода, многу често го обвинува народот дека е виновен за најразлични политички текови во државата. Тоа можеби е еден од првите симптоми дека станува збор за диктаторска власт. Не смее да си дозволиме патриотите да гнијат по затворите, а криминалците од власта да бидат на слобода, рече Дарко Костовски, опозициски пратеник, на вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, откако членовите и подддржувачи на партијата пристигнаа со возила пред зградата на Владата.

Овој протест, со возила, како и протестите што се одржаа уште во неколку поголеми градови во внатрешноста, беше против криминал, корупција и политички прогон.

„Во последниот период, особено откако СДСМ е на власт, оваа држава не е ниту малку слободна. Државата е запоседната или заробена од малкумина политичари кои се криминогени и едноставно работат за да ја подобрат почвата за криминалците и криминалот“,
рече Костовски, говорникот на овој протест.
