Пукнатата цевка на булеварот „Кочо Рацин“ кај Олимписки базен остави поголем дел од скопјани без вода. Првично, не се знаеше кога точно ќе се санира дефектот, па граѓаните побрзаа да обезбедат резерви.

Во еден од маркетите кој го посетивме целосно беше празен рафтот на кој се изложени шишињата со вода.
Од ЈП „Водовод и канализација“ вечерва соопштија дека проблемот е решен, а граѓаните на Скопје постепено ќе добиваат вода најдоцна до полноќ.