Вицепремиерот за европски прашања одговараше на прашањето што ако се одложи првата меѓувладина конференција поради условувањата на Бугарија
Димитров смета дека ЕУ нема право да се меша во ова прашање
Нашето право на самоопределување во 21 век, на овој континент не може да биде спорно. И ако македонскиот јазик стане пречка во интеграцијата во ЕУ, ќе стане многу спорна придавката во името европска во институцијата која го носи.
Вака вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров одговори на новинарско прашање, што ако првата меѓувладина конференција на нашата земја со ЕУ се одложи поради условувањата од Бугарија, кои се однесуваат и на нашиот јазик.
„Не можете да бидете европски, а да се мешате во правото на еден народ што е и каков јазик говори. Има голема амбиција во Берлин овој процес да успее. Канцеларката Меркел јавно во Европскиот парламент кажа дека еден од најголемите приоритети во смисла на надворешната политика на германското претседателство е да почне преговори со Северна Македонија“,
рече Димитров на прес-конференцијата во СЕП.
Според него, ЕУ нема право да се меша во ова прашање, бидејќи тоа е затворено во ОН, како што и ние немаме право да се мешаме во внатрешните работи на нашите соседи.