Двајцата соговорници размениле мислења и информации поврзани со најновиот развој на настани во регионот
Северна Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори со ЕУ, за кои се очекува формален почеток за време на германското претседателство, истакнал претседателот Стево Пендаровски на денешната средба во Братислава со Мирослав Лајчак, специјален претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан.
Пендаровски присуствува во Братислава на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“, а во рамки на неговата посета предвидена е и средба со словачката колешка Сузана Чапутова.
Како што се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски, специјалниот претставник Лајчак ја посочил Северна Македонија како исклучително позитивен пример во регионот, истакнувајќи го многу значајниот напредок постигнат во изминатите години.
Двајцата соговорници размениле мислења и информации поврзани со најновиот развој на настани во регионот, предизвиците со кои се соочува регионот, особено во поглед на регионалната стабилност, како и значењето на регионалната соработка и процесот на проширување на Европската Унија.
Шефот на државата, како што е наведува, го информираше високиот претставник Лајчак за актуелните состојби во земјава и изрази задоволство од нивната редовна комуникација и размена на информации од заемен интерес.