Според неделниот извештај на ИЈЗ, во периодот од 28 септември до 4 октомври се регистрирани 1 203 позитивни случаи од 9 832 тестирања, а пријавени се и 30 смртни случаи или 7,1 отсто повеќе во однос на претходната година
Вкупно 1 203 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во 31 град во државата во периодот од 28 септември до 4 октомври, што претставува зголемување од 35,5 проценти во однос на претходната седмица.
Министерството за здравство информира дека, согласно со извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на минатата седмица, тестирани се вкупно 9 832 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е 1,5 процент повеќе во однос на минатата недела.
Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 12,2 или 3 три проценти повеќе во однос на претходната недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=239, 19,9%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=220; 18,3%), 50-59 (n=200; 16,6%), 30-39 (n=222; 18,5%) и 20-29 (n=194; 16,1%).
Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=38; 3,2%) и 10-19 години (n=90; 7,5%).
Во однос на минатата недела, најголемо зголемување на бројот на ново регистрирани случаи се бележи во возрасните групи од 20-29 години и 30-39 години, за 60 односно 46,1 проценти.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=1074; 89,3%), регистрирани се 142 (13,2%) хоспитализирани, а кај 280 (26,1%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број нови случаи во периодот 28 септември – 4 октомври, 403 (37,6%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 (3%) лица со историја на патување во последни 14 дена.
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 786 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што претставува зголемување од 10 проценти во однос на претходната недела.
Пријавени се 30 смртни случаи, 7,1% повеќе во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 24 лица биле над 60 години, а 6 лица на возраст од 50-59 години. Биле хоспитализирани 29 од случаите, а само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица.