Кај 23 возила, кои вршат меѓуградски превоз на патници, полицијата констатирала дефект на уредот за сопирање, а кај пет возила други неисправности. Акциската контрола полицијата ја спровела вчера на територија на Град Скопје.
„Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци“,
соопштија од МВР.
Од полицијата информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
