Враќањето на ДДВ преку оваа мерка ќе важи само за граѓаните што се регистрирани и ја користат апликацијата на Управата за јавни приходи за скенирање на сметки „Мој ДДВ“ и купувањето ќе биде лимитирано до 30 000 денари по лице
Продолжениот викенд на 10, 11 и 12 октомври ќе биде викенд без ДДВ, потврди денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Се работи за прв ваква мерка, поради што таа ќе биде со одреден лимит, односно граѓаните максимално ќе може да потрошат 30 000 денари.
Во зависност од тоа како ќе се покаже мерката и ако има влијание врз економијата, ќе се размислува дали ќе се користи и во иднина.
„Идејата е да се види во пракса како ќе функционира и затоа е даден продолжен викенд и е износот е ограничен, односно максимално граѓаните ќе може да потрошат до 30 илјади денари. Таквото лимитирање е од две причини. Едно подобро да се планира буџетот, а второ е да нема многу метежи во тој период и да се пролонгира потрошувачката само во тие три дена,
изјави Бесими.
Враќањето на дел од ДДВ преку оваа мерка ќе важи само за граѓаните што се регистрирани и ја користат апликацијата на Управата за јавни приходи за скенирање на сметки „Мој ДДВ“. Со тоа, планирано е на граѓаните да им се вратат една милијарда денари или 17 милиони евра.
За време на претстојниот продолжен викенд, на 10, 11 и 12 октомври, граѓаните за прометот за домашни производи и услуги, како и за компјутерска опрема, чија цена не надминува 30 000 денари по лице, ќе добијат целосен поврат на ДДВ.