Триесет и петгодишен маж од село Бајрамовци, Општина Центар Жупа, ширел порнографски материјал од малолетничка која му ја пратила содржината откако ѝ се заканил.
Одделението за внатрешни работи од Дебар, под чија надлежност е и Општина Центар Жупа, поднесе кривична пријава против М.Д. (35) од селото Бајрамовци, Општина Центар Жупа, поради основано сомнение дека е сторител на кривичното дело прикажување порнографски материјал на дете.
„Тој на 9 октомври 2020, со упатување закани кон малолетничка, побарал да му испрати слики со непристојна содржина, кои, откако ги добил, ги препратил на друго лице“,
изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.