Европскиот медитерански сеизмолошки центар извести дека вечерва земјотрес ја погодил соседна Србија, пренесоа и тамошните медиуми.
Според овие информации станува збор за земјотрес од 3,9 степени по Рихтер, регистриран во 21:38 минути.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 20 километри од Крушевац и 48 километри од Ниш, на длабочина од два километри.
Според пишувањата на српските медиуми, граѓаните во Крушевац почувствувале силно тресење на тлото за време на земјотресот, кој приближно траел околу половина минута.