Зеленски објаснил и дека е засилен интензитетот на руските напади во Харков и во Донбас, дури и на цивилното население
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина веќе би ја завршила војната кога би имала пристап до подобро оружје, какво што користи Русија, пренесува Би-би-си.
„Во сите интервјуа и преговори со лидерите на демократскиот свет, неправедно е тоа што Украина и натаму е принудена да го бара она што нејзините партнери со години го складираат“,
рече Зеленски.
Тој додава и дека морална должност на овие земји е да помогнат во заштита на слободата, да спасат животи на илјадници Украинци, доколку имаат оружје и муниција кои ним им се потребни.
Во своето дневно обраќање, Зеленски рече дека Украина, доколку го добие ветеното оружје, во следните неколку недели ќе спаси илјадници животи.
Зеленски објаснил и дека е засилен интензитетот на руските напади во Харков и во Донбас, дури и на цивилното население.
„Исто така, и судбината на десетина илјади жители на Мариупол кои се преселени на територија под руска контрола е не позната“,
изјавил Зеленски.