Градскиот совет на Мариупол во објава на Телеграм соопшти дека и покрај големиот број руски војници во градот, тие сепак не успеале да го освојат градот
Руското Министерство за одбрана им постави нов ултиматум на украинските сили во челичарницата „Азовстал“ во Мариупол, пренесува Би-би-си.
„Руските вооружени сили, базирани исклучиво на хуманитарни принципи, уште еднаш предлагаат борците на националистичките баталјони и странските платеници да ги прекинат воените операции од 14 часот по московско време на 20 април и да го положат оружјето“,
соопшти руското Министерство за одбрана.
Оттаму додаваат дека вчерашниот ултиматум не го прифатил ниту еден украински војник.
Градскиот совет на Мариупол во објава на Телеграм соопшти дека, и покрај големиот број руски војници во градот, тие сепак не успеале да го освојат градот, па затоа „сакаат да ја срамнат со земја“ фабриката за челик. Понатаму, се наведува дека Русија не ја одвратил фактот што во комплексот се засолнети и цивили.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ситуацијата и понатаму е тешка и непроменета, а судбината на десетици илјади цивили останува непозната.