Украинските власти побарале од Русија да овозможи хуманитарни коридори од Мариупол и тамошната фабрика Азовстал
Русија ги повика украинските борци и платениците од странство до денеска до пладне по локално време да ја напуштат челичарницата Азовстал во опколениот град Мариупол.
„Им гарантираме дека ќе останат живи на сите оние кои ќе го положат оружјето“,
соопшти руското министерство.
Порано денеска проруските сепаратистички сили објавија дека се обидуваат да го заземат Азовстал, пренесе РИА, повикувајќи се на портпаролот на сепаратистите Едуард Басурина.
Во понеделникот вечерта американски воен функционер рече дека Мариупол и натаму „им одолева на нападите“.
„Нашата проценка е дека засега во Мариупол и натаму се водат борби. Градот е и натаму под закана од воздушни напади, на удар на ракетни проектили и бомби“,
рекол воениот командант кој барал да остане анонимен.
Украинските власти побарале од Русија да овозможи хуманитарни коридори од Мариупол и тамошната фабрика Азовстал.
Азовстал е една од најголемите европски челичарници, се протега на 11 километри квадратни и гледа на Азовското море.
Заземањето на Мариупол, ќе биде од стратешко значење за Русија, бидејќи на тој начин ќе ја поврзат со територијата која е под проруските сепаратисти на исток со Крим кој Русија го анектираше во 2014 година.