Се работи за маж од скопската населба Драчево на возраст од 70 години. Тој се лекувал на Клиниката за инфективни болести во Скопје и бил во критична состојба, а имал и неколку коморбидитети

Почина уште еден пациент од западнонилска треска. Се работи за маж од скопската населба Драчево на возраст од 70 години. Тој е осмата жртва од западнонилската треска годинава.
Пациентот се лекувал на Клиниката за инфективни болести во Скопје и бил во критична состојба, а имал и неколку коморбидитети.
Досега има 58 потврдени случаи на заболени со вирусот западен нил, од кои два нови случаи вчера беа потврдени од Институтот за јавно здравје. Сите починати од западнонислка треска се мажи на возраст од 62 до 83 години. Тие имале и други заболувања.
Најмногу случаи од западнонилска треска се пријавени во скопските општини Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба и Бутел.
