Указот беше подготвен од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина на 30 септември. Во една од одредбите на декретот се наведува дека Украина одлучила дека не е можно да се водат преговори со Путин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша декрет со кој формално ги прогласува шансите за какви било преговори меѓу Украина и рускиот претседател Владимир Путин за „невозможни“, но остава отворена врата за разговори со Русија.
Декретот ги формализира изјавите на Зеленски дадени во петокот откако Путин прогласи четири украински региони за руска територија.
„Тој (Путин) не знае што е достоинство и чест. Затоа, ние сме подготвени за дијалог со Русија, но со друг претседател на Русија“,
рече тогаш Зеленски, потсетува „Гардијан“.
Указот беше подготвен од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина на 30 септември. Во една од одредбите на декретот се наведува дека Украина одлучила дека не е можно да се водат преговори со Путин.
Украинските сили ја пробија руската одбрана на југот на земјата и ја проширија својата офанзива на исток постигнувајќи значителен напредок во два од четирите региони окупирани од Русија кои Москва ги анектираше минатата недела.
Постигнувајќи го својот најголем пробив на југот од почетокот на војната, украинските сили повторно зазедоа неколку села вдолж стратешката река Днепар, изјавија украинските власти и лидерот инсталиран од Русија во областа.
Лидерот инсталиран од Русија во регионот Херсон на југ, Владимир Салдо, признал оти украинските сили пробиле во близина на Дудчани – град на реката Днепар, околу 30 километри јужно од претходната линија на фронтот.