Откако не успеа да се справи со западното воено единство што ја поддржува Украина, Путин се чини дека е подготвен дипломатски да ја тестира решителноста на Западот, обидувајќи се да ги подели западните сојузници околу условите за мир, пишува Си-ен-ен во својата анализа
Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој го знае тоа. Во меѓувреме, продолжува неговата бомбастичност: објавувајќи ја анексијата на украинските територии, Путин изјави дека Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон „засекогаш“ ќе станат дел од Русија. Тој брза да прогласи победа, да ги зацементира малите добивки и да бара мир, пишува Си-ен-ен.
Тој ја повика Украина веднаш да „го прекине огнот“ и „да седне на преговарачка маса“, но додаде: „Нема да преговараме за изборот на народот. Завршено е. Русија нема да го предаде“.
Тој прави се за да го сокрие тоа, но Путин ја губи војната во Украина, пишува Си-ен-ен.
Ова го гледа и Андреј Кортунов, кој го предводи Рускиот совет за меѓународни работи поддржан од Кремљ во Москва.
„Претседателот Путин сака да стави крај на целата оваа работа што е можно побрзо“,
изјави тој за Си-ен-ен.
Неодамнешниот регрутација на Путин од 300 000 војници нема да ги промени неговите загуби на бојното поле. Таа само предизвика незадоволство кај народот во Русија ставајќи го во опасна политичка ситуација.
Кортунов вели дека не знае што се случува во Кремљ, но го разбира јавното расположение поради огромните трошоци и смртни случаи во војната. „Многумина би почнале да поставуваат прашања, зошто влеговме во овој хаос? Зошто, знаете, изгубивме толку многу луѓе“.
Логичната опција на Путин, вели Кортунов, е да прогласи победа и да излезе под негови услови. Но, за ова му треба значајно достигнување на теренот.
„Русија не може туку така да се врати таму каде што беше на 24 февруари оваа година и да каже, во ред, знаете, тоа е во ред. Нашата мисија е исполнета. Па, да си одиме дома… Треба да има нешто што може да ѝ се претстави на јавноста како победа“,
вели Кортунов.
И тоа е логиката што се чини дека Путин ја следи, ставајќи печат на лажните референдуми во украинските региони Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон прогласувајќи ги за дел од Русија.
Тој го искористи истиот план за анексија на Крим од Украина во 2014 година и сега, како и тогаш, се заканува со потенцијални нуклеарни напади доколку Украина, со поддршка на западните сојузници, се обиде да ги врати анексираните територии.
Дали Путин се подготвува за мир?
Западните лидери се борат против Путин. Минатата недела американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан во изјава за „Meet the Press“ на Ен-би-си рече дека Вашингтон ќе одговори одлучно доколку Русија употреби нуклеарно оружје против Украина и јасно ѝ стави до знаење на Москва дека ќе се соочи со „катастрофални последици“.
Лидерите исто така ветија и дека нема да ги признаат тие региони како дел од руската територија.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека постапките на Москва „немаат легитимитет“, додавајќи дека Вашингтон ќе продолжи „секогаш да ги почитува меѓународно признатите граници на Украина“. Европската Унија соопшти дека „никогаш“ нема да ја признае „нелегалната анексија“ на Кремљ и го опиша потегот на Путин како „натамошно кршење на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.
Курт Волкер, кој беше американски амбасадор во НАТО и специјален претставник на САД во Украина за време на поранешниот претседател Доналд Трамп, верува дека Путин можеби се подготвува за мир.
„Мислам дека она кон што Путин треба да цели е да мавта со нуклеарно оружје, да ѝ се заканува на Европа на различни начини, а потоа да каже, во ред, ајде да преговараме за решение. И да го задржам она што веќе го земав“,
посочува Волкер.
Фиона Хил, поранешна советничка на тројца американски претседатели за националната безбедност поврзана со Русија, исто така мисли дека Путин можеби се обидува да стави крај на играта.
„Тој ја чувствува акутната итност за губење на моментумот и сега се обидува да излезе од војната на ист начин како што влезе во неа. Со тоа што тој е одговорното лице и ги поставува сите услови за секаков вид на преговори “,
вели Хил.
Никој не знае што навистина се случува во главата на Путин. Кортунов се сомнева дека Путин ќе биде подготвен на компромис надвор од неговите услови за мир.
„Не под условите што ги нуди претседателот Зеленски, не под условите што ги нуди Западот… [иако] тој треба да биде подготвен да прифати одредени степени на флексибилност. Но, не знаеме до кој степен би прифатил да биде флексибилен“,
вели Кортунов.
Според Хил, Путин сака неговите преговори да бидат со Бајден и сојузниците, а не со Украина:
„Тој во основа вели дека сега ќе треба да преговарате со мене и да барате мир“. А тоа значи да признаеме што направивме на терен во Украина“,
смета Хил.
Откако не успеа да се справи со западното воено единство што ја поддржува Украина, Путин се чини дека е подготвен дипломатски да ја тестира решителноста на Западот, обидувајќи се да ги подели западните сојузници околу условите за мир, пишува Си-ен-ен во својата анализа.