Мерките следат по претресите извршени од украинските безбедносни служби во ноември во главниот манастир во Киев, резиденцијата на поглаварот на Украинската православна црква и неколку други верски места, поради сомневања за врски со Москва
Украина ќе ги ограничи активностите на верските организации поврзани со Русија на нејзината територија и ќе го испита статусот на Православната црква, кој зависи од Московската патријаршија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој во вечерното обраќање рече дека Националниот совет за безбедност и одбрана ќе и наложи на Владата да му предложи на парламентот нацрт-закон со кој ќе се спречат активностите на верските организации поврзани со центрите на влијание во Русија во Украина.
Овие мерки уследија по претресите извршени од украинските безбедносни служби во ноември во главниот манастир во Киев, резиденцијата на поглаварот на Украинската православна црква и неколку други верски места, поради сомневања за врски со Москва.
„Мораме да создадеме услови за ниту еден актери зависен од државата агресор (Русија) да не може да манипулира со Украинците и да ја ослабне Украина одвнатре“,
рече Зеленски во видео обраќањето.
Во Украина, црквата поврзана со Москва формално ги прекина врските со Руската православна црква минатиот мај, но многу Украинци сè уште не и веруваат и ја обвинуваат за тајна соработка со Русија.