Лидерите на групата индустриски најразвиени земји Г7 денеска имаат закажана видеоконференциска врска, на која се очекува во фокусот на нивните разговори да биде загриженоста од руската инвазија врз Украина, пренесе ДПА.
На онлајн, настанот , исто така, се очекува линковски да се појави и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе треба да ги информира лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД за состојбата на теренот.
ДПА најавува дека постојат информации дека и американскиот претседател Џо Бајден веројатно ќе сака да се разговара за дополнителни санкции против Русија.
Засега нема детали за точното време на средбата. Организаторите соопштуваат дека на средбата може да се појават и други теми.
Состанок се организира на 8 мај, денот што во Европа традиционално се слави како крај на Втората светска војна на Стариот континент и ослободувањето на Европа.