Претходно, Зеленски рече дека се плаши оти тој е „мета број еден“ на руските сили
Претседателот на Украина Володимир Зеленски во денешното обраќање од неговиот кабинет од Киев упати директен апел до рускиот претседател Владимир Путин да почнат да преговараат.
„Би сакал уште еднаш да му се обратам на претседателот на Руската Федерација. Борби се водат низ целата територија на Украина. Ајде да седнеме на преговарачка маса и да го запреме убивањето луѓе“,
апелираше Зеленски.
Украинскиот претседател, како што објавивме, ги обвини и европските лидери дека не преземаат доволно акција за да забават рускиот напад, а ги повика и жители на европските земји да излезат на протест за да ги присилат своите влади да дејствуваат порешително.
Претходно, Зеленски рече дека се плаши оти тој е „мета број еден“ на руските сили.
„Тие сакаат политички да ѝ наштетат на Украина со соборување на шефот на државата“,
рече Зеленски.
Во изјава за западните медиуми, неговиот советник Михаило Подољак утрово порача дека Украина е спремна да разговара, дури и за неутралниот статус во однос на НАТО.