Украинскиот претседател Володимир Зеленски од Киев ги обвини европските лидери дека не преземаат доволно акција за да забават рускиот напад, јавува Би-би-си.
„Колоните од тенкови и воздушните напади се многу слични на она што Европа го виде многу одамна, за време на Втората светска војна – нешто за што Европа рече ’никогаш повеќе‘. Но, еве го сега повторно истото. Сега во 2022 година, 75 години по завршувањето на Втората светска војна“,
рече Зеленски.
Во обраќањето тој порачува и дека не е доцна да се запре руската агресија доколку европските лидери одлучат да дејствуваат бргу, а ги повика и граѓаните ширум Европската Унија да излезат на протести за да ги присилат нивните влади да дејствуваат порешително.
„Сигурен сум дека го гледате ова – сите вие, цела Европа. Но, ние не гледаме што ќе направите вие во врска со ова, како ќе се браните кога толку бавно ѝ помагате на Украина“,
рече Зеленски.