Заврши гласањето за вториот круг претседателски избори во Хрватска. Точно во 19 часот беа затворени сите гласачи места. Уште пред првичните резултати од пребројувањето на гласовите, хрватските медиуми ги објавија резултатите од своите излезни анкети.
Тие покажуваат дека Милановиќ освоил 53,22% гласови во вториот круг на претседателските избори, што се одржаа денеска, додека за актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ гласале 46,78% од избирачите.
Како лидер на Социјалдемократската партија, 53-годишниот Милановиќ беше премиер на Хрватска од 2011 до 2016 година, по што беше во сенка на политичките случувања. Тој победи и во првиот круг на изборите, кога освои 30% гласови, но тогаш разликата во однос на Грабар-Китаровиќ беше само три проценти.
Излезноста во вториот круг, во споредба со првиот, е поголема за околу 120.000 гласачи.