Од управата на затворот за МИА потврдиле дека до нив стигнало писмо со најава за штрајк со глад. Во писмото се наведува дека штрајк ќе има поради осудениците кои беа повредени викендов при претрес во полуотвореното одделение
Осуденици од Казненопоправната установа „Идризово“ бараат средба со Народниот правобранител и со Хелсиншкиот комитет, а во спротивно од утре најавуваат штрајк со глад.
Од управата на затворот за МИА потврдиле дека до нив стигнало писмо со најава за штрајк со глад. Во писмото се наведува дека штрајк ќе има поради осудениците кои беа повредени викендов при претрес во полуотвореното одделение.
„Ние, осудениците од НПО одд при К.П.У. ‘Идризово’ ве известуваме дека од утре, 31 октомври, стапуваме во штрајк со глад поради тешко повредените осуденици на кои не им се укажува лекарска заштита иако се со тешки телесни повреди како последица од полициската акција“,
се наведува во писмото.
Министерството за внатрешни работи викендов соопшти дека при претрес во полуотвореното одделение во „Идризово“ се повредени 10 полицајци при судир со група затвореници кои давале отпор. При претресот се пронајдени се 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефон и дрога.
Затвореници за Телма сведочеа дека завршиле со скршеници откако биле нападнати и претепани од полицијата. Како што пренесе телевизијата, дел од затворениците со кои контактирале тврделе дека биле малтретирани, а заменик-директорот на затворот, Феми Јонузи, потврдил дека е повикана Итната медицинска помош.
„Не прашуваат кој си, што си – почнуваат одма со ќoтек, од прв до последен. Над 150 души сме тепани. Има камери од видеонадзорoт, сè може да се види, како нè малтретираат физички и психички. Сè ни искршија, телевизори, јадење, алишта ни земаа, нè тераат да ги собираме да ги фрлиме во ѓубре. И ќoтек колку можат удираат, а има над сто повредени со глава скршена, раце, нозе, заби скршени“,
изјави еден затвореник во телефонска изјава за ТВ Телма.
Инаку, во последната година затворот беше поврзан со повеќе скандали, меѓу другите, и копањето подземен тунел од затвореници кои со месеци планирале бегство.
Спасовски: Се бараат докази и за вработени во „Идризово“ кои помагале за копање на тунелот
Исто така, се случи и спектакуларно бегство на затвореник додека беше транспортиран на лекар, па поради ова беа суспендирани командир и четворица затворски полицајци.
Видео од тунелот во „Идризово“: Бил долг 40 метри, го копале осудени на доживотен затвор