Десетици пожарникари потпомогнати од хеликоптер што исфрла вода интервенираат и на шумски пожар во јужниот регион Коринтија на Пелопонез

Повеќе од 120 пожарникари и волонтери со 35 противпожарни возила се ангажирани во гаснење на пожар што од вчера е активен на островот Евија во Грција. Во акцијата за гаснење на пожарот вклучени се и осум авиони и хеликоптери, пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА.
Според Противпожарната служба, пожарот се шири поради силни северни втерови, а се формираат и нови жаришта. И гаснењето од воздух се соочува со проблеми поради силниот ветер.
Преку системот за итни пораки 112 издадено е предупредување за евакуација на жителите од двете области околу местото Стира.
Десетици пожарникари потпомогнати од хеликоптер што исфрла вода интервенираат и на шумски пожар во јужниот регион Коринтија на Пелопонез.
Противпожарната служба соопшти дека повеќе од 50 пожарникари со 14 противпожарни возила и волонтери се обидуваат да го изгаснат шумскиот пожар во близина на селото Скалосија.
Вчера, два шумски пожари избувнале близина на села во Коринтија, но вечерта биле ставени под контрола.
