Во текот на изминатото деноноќие полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат при вршење контроли констатирале дека два угостителски објекта не ги почитувале мерките против ковид-19.
Еден од објектите е во Гази Баба и еден во Аеродром, и тие не се придржувале кон предвиденото работно време согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и Одлуката на Владата за мерки за спречување на ширење на ковид-19 и во нив се затекнати повеќе лица.
„Од страна на Државниот пазарен инспекторат угостителските објекти се испразнети и затворени и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на одлуките од Владата на Република Северна Македонија во врска со ковид-19“,
информираат од МВР.
Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжува со засилените контроли во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, додаваат во соопштението.