Кандидат за претседател на СДСМ може да биде секој член кој ги исполнува условите наведени во Статутот и Правилникот за одржување внатрепартиски избори, меѓу кои што стои дека кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата
Владејачкиот СДСМ денеска соопшти дека започна постапката за кандидирање за ретседател на партијата, откако Централниот одбор на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател. Постапката за кандидирање започнува денеска и ќе трае седум дена, а изборите, како што беше соопштено и вчера ќе се одржат на 12 декември.
„Кандидат за претседател на СДСМ може да биде секој член кој ги исполнува условите наведени во Статутот и Правилникот за одржување внатрепартиски избори, меѓу кои што стои дека кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата“,
појаснуваат од партијата.
Право на глас на изборите има секој член кој активно ќе се регистрира. Можности за активна регистрација има две, преку онлајн платформата активна регистрација, достапна на банер поставен на веб страната на СДСМ (https://sdsm.org.mk/). Таа започнува денеска и ќе трае во следните седум дена.
Втората можност е преку општинските организации на СДСМ.
Сите документи, обрасци, правилници и информации во врска со предвремените директни внатрепартиски избори во СДСМ, посочуваат од партијата, се достапни на следниот линк: https://sdsm.org.mk/vonredni-vnatrepartiski-izbori или на официјалната интеренет страница на партијата.
Актуелниот заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски, засега најави кандидатура. Во изјава за „Фокус“, Ковачевски вели дека во рок од седум дена, ќе подготви програма и ќе ја поднесе кандидатурата во партијата.