Педесет килограми марихуана биле запленети синоќа во Неготинско, при што приведен бил 29-годишниот Е.Е., потврдија за МИА од МВР.
„Во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на нелегалната трговија со наркотици, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Велес и ОВР Неготино, синоќа на подрачје на селото Дуброво, Неготино, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес на дом и други простории“,
велат од МВР.
При претресот во помошни простории кои ги користело лицето биле пронајдени околу 50 килограми марихуана. Лицето било приведено, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.