На граничниот премин „Дојран“ во автомобил се откриени 67 парчиња облека, а 329 кинезиолошки ленти за поддршка на мускулите се пронајдени во багажник на автомобил на преминот „Табановце“. На „Блаце“, пак, се откриени 2 900 дела за ПВЦ-прозорци
Запленет е автомобил со германски регистарски таблички, специјално конструиран и адаптиран за криење стока, информираат од Царинската управа. Оттаму велат дека случајот е откриен на излез од граничниот премин „Табановце“, каде што со мобилен скенер е извршена контрола на автомобилот, а во праговите се откриени бункери.

„До надлежниот суд ќе биде поднесена соодветна пријава до возачот на автомобилот, кој е македонски државјанин поради прекршување на царинските регулативи“,
се вели во соопштението од Царина.
Покрај овој случај, царинските службеници пронашле околу 130 парчиња облека и обувки сместени во куфери и кеси во багажникот на автомобил со македонски таблички, со кој двајца македонски државјани се пријавиле за влез на граничниот премин „Меџитлија“.
На граничниот премин „Дојран“ во автомобил се откриени 67 парчиња облека, а 329 кинезиолошки ленти за поддршка на мускулите се пронајдени во багажник на автомобил на преминот „Табановце“. На „Блаце“, пак, се откриени 2 900 дела за ПВЦ-прозорци.

При контрола на стока со потекло од Кина наменета за фирма од Струмица, според Царината, се запленети 156 детски играчки со ознаки на заштитени трговски марки поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.
При контрола на стока со потекло од Турција се запленети 406 парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки.
