„Законот за амнестија, кој се однесува на помали кривични дела, бил презентиран на владина седница. Заради номотехничко усогласување со секторот законодавство, е даден период до утрешната седница и како таков, кога ќе биде усогласен, ќе биде поднесен до Собранието. Потоа од пратениците зависи дали ќе биде донесен, во која форма и кога“, изјави денеска премиерот
На прашањето за сомнежот кај Европската Унија за измените на Кривичниот законик и законот за амнестија, дека со нив се охрабрува неказнивоста, Ковачевски нагласи дека овие закони се усогласени со праксите во ЕУ и оти ние сме држава која се стреми за членство во ЕУ, со почнат скирнинг-процес
Законот за амнестија, кој го подготви Министерството за правда, веќе еднаш е поминат на владина седница. Со цел усогласување со секторот законодавство, е оставен простор од уште седум дена за административно и номотехнички да се усогласи и потоа ќе биде доставен до Собранието. Министерот за правда имаше детално излагање на што се однесува тој закон, односно за одредена категорија на затвореници и осуденици кои веќе издржуваат казни и точно е наведено за што не се однесува.
Ова денеска го изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата дека власта во договорот со ВМРО-ДПМНЕ подготвува амнестија за да се обезбедат гласови за уставните измени. Воедно, премиерот во одговорот на прашањето објасни зошто на последната владина седница во четвртокот било констатирано предлог- законот за амнестија на Правда да оди на дополнително усогласување со надлежните институции. На неофицијалниот дел од седницата, како што пренесоа тогаш дел од медиумите, министерот за правда Кренар Лога усно се заканил дека ќе си поднесе оставка затоа што законот не поминал на таа седница.
Законот за амнестија, кој се однесува на помали кривични дела, бил презентиран на владина седница. Заради номотехничко усогласување со секторот законодавство, е даден период до утрешната седница и како таков, кога ќе биде усогласен, ќе биде поднесен до Собранието. Потоа од пратениците зависи дали ќе биде донесен, во која форма и кога“,
рече Ковачевски.
На прашањето за сомнежот кај Европската Унија за измените на Кривичниот законик и Законот за амнестија дека со нив се охрабрува неказнивоста, Ковачевски нагласи дека овие закони се усогласени со праксите во ЕУ и оти ние сме држава која се стреми за членство во ЕУ, со почнат скирнинг-процес.
„Тоа апсолутно не е точно затоа што овие закони се усогласени со праксите во ЕУ, ние сме држава која се стреми за членство во ЕУ. Кога ќе го видите Кривичниот законик, со последните измени тогаш ќе видите дека се работи за идентичен закон со законодавството на Германија, Франција, Словенија и во однос на одредби и во однос на висина на казни. Така да нема никаква вистина. Тоа се потврди затоа што веќе еден месец помина како Законот се донесе и стапи на сила и ништо драматично се нема случено. Ниту некој бил амнестиран за нешто, туку си продолжуваат процеси врз основа на 422 основа по кои што секој може да биде гонет во оваа држава, а не по општи одредби кои доаѓаат од некои законодавства од минати времиња“,
додаде Ковачевски.
Сите овие усогласуваа, според него, а и она што ќе следува во голем број области произлегуваат од, како што рече, нашата заложба да станеме земја која има законски решенија кои се соодветни на праксите и законите во ЕУ и секако да бидат спроведувани.
Прашан зошто на Кривичниот законик не е потпишан од министерот за правда Кренар Лога, туку од заменик-министерот за правда, Ковачевски одговори дека согласно Законот за Влада тој може да биде потпишан или од министер или од заменик-министер, а тоа зависи од тоа кој бил вклучен во процесот.
За реакциите на Европска комисија за злоупотреба на европското знаменце, Ковачевски образложи дека има цела коренсподентна табела во однос на усогласеност со директивите 42/2014 итн.
„Измените на Кривичниот законик се расправале на владина седница, биле доставени до Собранието, сите пратенички групи присуствуваа на пленарната седница кога се утврди дневниот ред, сите пратенички групи присуствувале на Комисијата за европски прашања и потоа беше изгласан на пленарна седница“,
рече Ковачевски.