Музичарите се меѓу најштетените од ковид-кризатата и мора да бидат вклучени во петтиот пакет за финансиска подршка од Владата, порачаа музичари од шест здруженија во земјава кои викендов во Охрид потпишаа Меморандум за соработка и заеднички настап пред држвните органи.
„Ги почитуваме мерките донесени од Комисијата за здравство, имаме разбирање и ги почитуваме одлуките на Владата, но бараме разбирање за нашето право на егзистенција затоа што најголемиот дел на нашите членови заработуваат и живеат од музички настапи во живо кои веќе десет месеци се забранети така што и немаат можност да работат и заработат за основните потреби. Затоа уште еднаш апелираме до надлежното министерство и до Владата музичарите како најоштетени од корана кризата да бидат вклучени во 5-тиот пакет за финансиска помош“,
се вели во соопштението издадено после состанокот.
На средбата се усвоени и одлуки за проширување на законските одредби околу музичко-естрадното работење, со кои естрадните уметници би можеле да регистрираат дејност не само како ДООЕЛ, трговец-поединец или самостоен занаетчија според постојниот закон, туку и паушално да можат да ги подмируваат обврските кон државата како категорија работници без редовни и планирани приходи.
Исто така, одлучено е да се продлабочи соработката со Министерството за култура и останатите државни институции во правец на изнајдување на механизми за заштита на македонската музика и македонските музички артисти во склоп со останатите соседни држави.