Нашите предци се изборија да имаме своја држава. Наша историска задача е да се избориме нивната жртва да има смисла, Македонија – слободна, праведна, демократска и европска држава, во која младите ќе ја градат својата иднинa, вели Филипче

Со положување цвеќе пред споменикот „Жена борец“, на Могилата на непобедените и во Участокот во Прилеп, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, соопшти дека им оддал почит на хероите кои ги положиле своите животи за слободата на Македонија.
Во објава на Фејбсук, Филипче вели дека „нивната жртва е вградена во темелите на нашата државност, а нивната храброст и непокор се траен потсетник дека слободата, правдата и достоинството се вредности за кои вреди да се бориме.“
Тој додава дека СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните и на вредностите на антифашистичката борба.
„Тоа наследство не е само дел од нашата историја, туку и аманет и обврска да ја чуваме државата, да ја развиваме и да создаваме подобра иднина за генерациите што доаѓаат. Нашите предци се изборија да имаме своја држава. Наша историска задача е да се избориме нивната жртва да има смисла, Македонија – слободна, праведна, демократска и европска држава, во која младите ќе ја градат својата иднина“,
објави Филипче.
Македонија денеска одбележува 85 години од почетокот на народното востание за ослободување и борба против фашизмот, кое започнало на 11 октомври 1941 година во Прилеп, кога првиот прилепски партизански одред ја нападнал полициската станица во градот, а еден ден потоа се огласиле и партизаните во Куманово. Овој настан го означува почетокот на организираната борба за ослободување на македонскиот народ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
