По повод 11 Октомври, Армијата презентираше дел од материјално-технички средства и опрема на градскиот плоштад

По повод 11 Октомври, Денот на народното востание, на градскиот плоштад во Куманово беше презентирана дел од современата опрема и вооружување на Армијата на Република Македонија.

Посетителите имаа можност одблизу да ги разгледаат лесните оклопни возила STRYKER и JLTV, воено-полициската, алпинистичката и нуркачката опрема, современото пешадиско вооружување и други материјално-технички средства.

„По повод 11 Октомври, на Градскиот плоштад во Куманово се одржа тактичко-технички збор на Армијата,каде присутните граѓани имаа можност одблизу да се запознаат со дел од опремата и средствата со кои располага Армијата. На настанот присуствуваа и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, и командантот на Првата пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски“,
соопштија оттаму.
Настанот го организираше Армијата, со поддршка на Општина Куманово.


Македонија денеска одбележува 85 години од почетокот на народното востание за ослободување и борба против фашизмот, кое започнало на 11 октомври 1941 година во Прилеп, кога првиот прилепски партизански одред ја нападнал полициската станица во градот, а еден ден потоа се огласиле и партизаните во Куманово. Овој настан го означува почетокот на организираната борба за ослободување на македонскиот народ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
