Истовремено, како што информираат од ЦУК, има ново барање да се исчисти патот, па потоа да се изврши проценка дали ТППЕ има потреба да интервенира за нивна евентуална евакуација
Пријавено е заглавено постаро лице во снежни наноси во својот дом во кочанското село Полаки, маало Бабиште, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Оттаму посочија дека е постапено по пријавата, како и дека командирот на Територијалната противпожарна единица на Општина Кочани (ТППЕ Кочани) е во контакт со братот на заглавеното лице со цел да се изврши негова евакуација.

Извршена е и институционална координација со цел да се спаси лицето меѓу РЦУК Кочани, ЛС Кочани, Црвен крст Кочани, ТППЕ, Кочани и ДЗСИ Кочани.
„Лицето ја одбива понудената помош со барање да се почека до утре“,
велат од ЦУК.
Истовремено, како што информираат од ЦУК, има ново барање да се исчисти патот, па потоа да се изврши проценка дали ТППЕ има потреба да интервенира за нивна евентуална евакуација.
Сепак, велат дека концесионерот ги одржува само асфалтираните патишта, а не и споредните патишта што водат до маалата, а не се асфалтирани.
Селото Полаки е од разбиен тип, со куќи групирани по маала, оддалечени едни од други и по неколку километри.