Каракачанов во изјава за бугарските медиуми вели дека на Бугарите умот им доаѓа подоцна, па така било и со Заев, коментирајќи го интервјуто на македонскиот премиер дадено за БГНЕС
Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет, а Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет, вели премиерот Зоран Заев како одговор на изјавите на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов.
Каракачанов во изјава за бугарските медиуми вели дека на Бугарите умот им доаѓа подоцна, па така било и со Заев, коментирајќи го интервјуто на македонскиот премиер дадено за БГНЕС.
„По стар бугарски обичај се вели дека на Бугаринот умот му доаѓа следниот ден, па така е и со колегата Заев. Дали му верувам или не, не е важно, но одлучив да не верувам повеќе во изјави и интервјуа, туку ќе верувам на делата што се прават“,
вели Каракачанов во разговор со бугарските новинари.
Заев на ова одговара дека освен етничката и идентитетска разлика меѓу него и Каракачанов, тие имаат посериозна разлика во светогледот.
„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас. Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи. Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки. Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза. Доста беше омраза!“,
напиша премиерот Заев на својот профил на Фејсбук.