Лидерот на СДСМ и доскорешен премиер, Зоран Заев, во родната Струмица ги чека резултатите од тестот за коронавирусот откако се утврди дека бил на интервју со заразен новинар, кој сега е на лекување во болницата „8 Септември“.

Заев вели дека се чувствува добро и дека во овој момент нема симптоми на вирусна инфекција. Сепак, 14 дена ќе биде во изолација и од Струмица ќе ги координира активностите на СДСМ во овој период.
„Ќе бидам во самоизолација дома во Струмица, ама добар сум“,
ни изјави Заев.
Министерот за здравство Венко Филипче претпладнево соопшти дека покрај Заев, во задолжителна изолација од денеска е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, поради интервју со истиот новинар. Тестот на Мицкоски за коронавирус е негативен, додека за Заев сè уште се чекаат резултатите, затоа што синоќа бил на пат кон Струмица.
*Поврзана вест: Мицкоски: До овој момент сум во одлична здравствена и физичка кондиција