Oбезбедуваме 54 милиони денари за награда на здравствените работници и помошно-техничкиот персонал, кои се борат против ковид-19, информира премиерот Зоран Заев преку својот профил на Фејсбук.
„Од почетокот на кризата, но и претходно, Владата предводена од СДСМ презема сериозни чекори за унапредување на здравствениот систем и за зајакнување на неговите капацитети“,
напиша Заев.
Посочува дека состојбата со коронавирусот е сериозна и додава дека постојано се инвестира во здравствениот систем, кој со месеци е во борба со пандемијата од ковид-19.
„Следната година следува зголемување на платите во здравството за 10 отсто. Нашата намера е платите во јавното здравство до 2024 да бидат за 40 отсто повисоки од денес“,
истакнува премиерот Заев.