Премиерот најави дека е започната уште една постапка, втора, за набавка на уште 200 000 кинески вакцини, а формализирана е документацијата и за руската „спутник“
Авансот уплатен за набавка на првите количини на кинески вакцини е вратен додека да се заврши другата преостаната процедура, а не дека се работи за откажување на договорот.
Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање што се случува со кинеските вакцини, кои беа најавени дека ќе стигнат во земјава до крајот на минатиот месец. Денеска очекувам позитивен сигнал од МНР или од МЗ и прашање на ден е кога тие ќе се товарат.
„Авансот е повлечен бидејќи ја чекавме потврдата од Министерството за надворешни работи на Кина – имавме од здравство од ‘Синифоарм’, но не можевме да оставиме парите да лежат во туѓа земја додека не се финишира, бидејќи авансот се пушти како дел од процедурата. Соодветните министерства на Кина побараа прво да се заврши документацијата, а потоа да се прави уплатата, ние ги повлековме парите и тие се тука на истата сметка на Министерството“,
изјави Заев.
На новинарско инсистирање да каже кој ден ќе биде тоа, Заев одговори:
„Никој никаде во светот не може да каже точен датум кога ќе стигнат“,
додавајќи дека авансот бил уплатен за да се забрза процедурата.
Премиерот најави дека е започната уште една постапка, втора, за набавка на уште 200 000 кинески вакцини, а формализирана е документацијата и за руската „спутник“.