Од средата започна процесот на вакцинација во земјата со 4 680 дози “Фајзер“ вакцина донација од Србија, кои се првите од договорените 8 000.
Кон крајот на месецов се очекуваат да стигнат и 200 000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“, а преку Ковакс се резервирани 833 000 дози вакцини
Според најавите, првите вакцини што ќе пристигнат преку Ковакс ќе бидат од производителот „Астра Зенека“
Дали земјава ја игнорира понудата набавка на руски вакцини?
Вакво новинарско прашање денеска му беше поставено на премиерот Зоран Заев кој негираше дека се работи за игнорирање, истакнувајќи дека само внимателно и сериозно се постапува при набавката на вакцини за ковид-19, за да не дојде ситуација во земјава да има три милиони вакцини, а притоа да ни се потребни само еден милион .
„Прво не е работи за никакво игнорирање, ние секој пат со достојна почит постапуваме кон сите добронамерни понуди. Се работи пред се за одговорност, ако имате предвид дека сте ставиле потпис во Ковакс системот, па дури и сте авансирале 20 отсто, сте потпишале директен договор со ‘Фајзер’, плус првите количини од 800 000… ЕУ официјано објави 70 милиони евра за Западен Балкан, и ако го пресметате и го ставите процентот на граѓани од Република Северна Македонија во Западен Балкан, ќе пресметате колку имате количини“,
рече Заев.
Тој понатаму објасни дека врз онова на договорите со Кина и со соседите, на крајот може да се доведеме во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани за вакцинација.
Не се работи за предрасуди, потенцира Заев, туку целта е да не се трошат огромни народни пари.
Од средата започна процесот на вакцинација во земјата со 4 680 дози „Фајзер“ вакцина донација од Србија, кои се првите од договорените 8 000.
Кон крајот на месецов се очекуваат да стигнат и 200 000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“, а преку Ковакс се резервирани 833 000 дози вакцини.
Според најавите, првите вакцини што ќе пристигнат преку Ковакс ќе бидат од производителот „Астра Зенека“. Од оваа вакцина за нашата земја се предвидени помеѓу 103 200 и 175 200 дози, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината.
Во меѓувреме, тече и пријавувањето на веб-страницата vakcinacija.mk, како и преку матичен лекар за сите граѓани над 70 годишна возраст за кои вакцинацијата започнува веднаш после здравствените работници опфатени во првата фаза.
Досега на веб-страницата изразиле желба за вакцинација 58 500 граѓани, а преку матичен лекар се пријавиле 32 917 граѓани над 70-годишна возраст.