„Ова е визијата на која работиме во Брисел и сега во Софија, на Западен Балкан, и секако земјите членки“, рече еврокомесарката по нејзиното пристигнување на Меѓународната министерска конференција за Коридорот 8 во Софија
Мојата визија е дека еден ден целиот Западен Балкан ќе биде дел од нашата Европа. Една Европа што работи заедно. Ова денеска го изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос по нејзиното пристигнување на Меѓународната министерска конференција за Коридорот 8 во Софија, чиј домаќин е бугарската минисерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, пренесува БГНЕС.

„Ова е визијата на која работиме во Брисел и сега во Софија, на Западен Балкан, и секако земјите членки“,
додаде Кос.
Пред новинарите посочи дека Бугарија е порта кон Европа за регионот на Црното Море и Турција, како и дека Западниот Балкан има важна улога во поврзувањето на регионот со Европа.
„Денеска сме тука да работиме за подобри врски за луѓето од утрешнината“,
вели еврокомесарката.
Според неа, во Западен Балкан се реализираат повеќе од 130 проекти за изградба на патишта и железници, како и за подобрување на граничните премини.
Утре Кос ќе го посети Одрин, каде што ќе присуствува на отворањето на делницата Черкезкој-Капикуле од железничката линија Халкали-Капикуле, која го поврзува Истанбул со бугарската граница.
