Опозиционерите обвинија дека Владата нема доволно пари за плати, пензии и тековни обврски, а поради тоа ќе следуваат нови задолжувања
Новиот ребаланс на Буџетот по само два месеци од последниот, ја потврдува катастрофалната состојба на државната каса и дебаклот на економските политики на Мицкоски – обвинуваат од опозицискиот СДСМ откако владата вчера ги усвои предлог-измените на Буџетот, кои сега треба да бидат доставени до Собранието.

Опозиционерите обвинија дека дупката во Буџетот изнесува 900 милиони евра, а дека Владата нема доволно пари за плати, пензии и тековни обврски. Поради тоа, како што велат од СДСМ, ќе следат нови задолжувања.
„Владата веќе се задолжи со нови 250 милиони евра за буџетски потреби до крајот на годината. Не за враќање стари кредити, не за развојни инвестиции, туку за покривање на недостигот во државната каса. Тоа е резултатот од економските политики на Мицкоски: Буџет што се полни со кредити, додека граѓаните слушаат бајки за економски успеси. Бајките на Мицкоски за „трета економија во Европа“ паднаа во вода“,
коментираат од СДСМ.
Обвинија дека премиерот за две години го зголемил долгот за 4 милиони евра, што, како што велат, е половина од врупниот долг на државата во изминатите 30 години.
