Трговската размена со Грција за периодот јануари – август годинава е 414 милиони евра, рече Заев во видео-порака
Владата силно се залага да гради цврсти релации со соседите, со земјите од Западен Балкан и Европа.Сето тоа го демонстрираме и на дело, делејќи ги европските вредности преку имплементацијата на структурните економски реформи засновани на демократските принципи, владеење на правото и борбата против корупција, во насока на градење на просперитетно општество.

Ваква порака упати премиерот Зоран Заев на петтиот (виртуелен) „Thessaloniki Summit“.
„Заедничката посветена и силна соработка на сите нивоа во овие моменти е неопходна, особено кога проблемите на секоја нација се веќе глобални проблеми. Нашиот сосед Грција е важен трговски партнер, поточно е во топ петте најголеми трговски партнери на Северна Македонија, со вкупна трговска размена за периодот јануари – август годинава од 414 милиони евра. Како пријателски земји потенцијалите за унапредување на инвестициските активности и економската соработка сметаме дека треба да имаат нагорен тренд“,
истакна Заев.
Заев подвлече дека придобивките од договорите за стратешко партнерство треба максимално да ги искористиме, да создаваме амбиент за непречен развој на економијата и за нови и современи бизнис иницијативи.
Дводневниот „Thessaloniki Summit 2020“ е под покровителство на претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, а го организира Федерацијата на индустрии на Грција, во соработка со „Делфи економскиот форум” и со поддршка од „Enterprise Europe Network Hellas“.
Премиерот Заев и минатата година учествуваше на Самитот во Солун, на кој оствари средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис
