За време на посетата на Атина, најголем дел од разговорите премиерот Зоран Заев со првиот човек на грчката Влада, Киријакос Мицотакис, биле посветени на Договорот од Преспа, на двата гранични премини што треба да се отворат меѓу двете земји и на економијата, вели Заев во интервју за Канал 5.
„Грција има добиено грант од ЕУ за преминот Маркова нога – Лемос. Реферираа и за активностите на граничниот премин кај Кавадарци, кој е особено важен за Грција, бидејќи таму имаат зимски центар. Но, најмногу зборуваме за економијата“,
истакна Заев, додавајќи дека во октовмри ќе се потпишат договорите за избегнување на двојното оданочување и за заштита на инвестициите, што ќе привлече поголеми вложувања.
Заев рече дека на Мицотакис му предочил дека во делот на Грција што се нарекува Македонија се уште има табли со ФИРОМ, што со Договорот од Преспа повеќе не постои како референца за нашата земја.
„Ние се боревме ФИРОМ да го тргнеме. Овде, ние имаме обврска да го смениме името на археолошкиот музеј, каде треба да стои Археолошки музеј на Северна Македонија“,
рече Заев.