Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе, напиша премиерот за време на состанокот на Кризниот штаб на Тетово
Огромна трагедија се случи во тетовскиот ковид-19 центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи, објави на Фејсбук премиерот Зоран Заев, кој вечерва беше во Тетово, каде што заседаваше Кризниот штаб на општината, а по завршувањето на состанокот не даде изјава.
„Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе. Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените. Причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен. Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација“,
напиша Заев за време на состаљнокот на Кризниот штаб.