Министерот за здравство објави дека досега се утврдени 10 жртви, но дека бројката може да порасне
Најмалку 10 лица го изгубија животот во пожарот што избувна вечерва во ковид-центарот во болницата во Тетово.
Министерот за здравство Венко Филипчре, кој моментно е во Тетово, каде што заседава Кризниот штаб, објави дека досега има потврда за 10 жртви, но дека бројката може да порасне. Тој изрази сочувство до семејствата и апелираше до медиумите да не шпекулираат со бројки, затоа што сите потврдени информации ќе бидат навреме споделени со јавноста.
„Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да им дадат помош на повредените. Тие итно се траснспортираат во Скопје за да им се даде соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани. Наскоро ќе излеземе со нови информации. Лекарите се борат за животите на повредените. Да им посакаме среќа и да останеме со мислите со нашите сограѓани вечерва. Апелирам до медиумите и граѓаните да не се шпекулира со бројките. Сите потврдени информации навреме ќе ги споделиме“,
напиша Филипче на Твитер.