По примопредавањето на првата пратка со вакцини од Србија, премиерот Зоран Заев му подари на српскиот претседател Александар Вучиќ икона од светецот Пантелејмон.
„На претседателот Вучиќ му подарив икона од светецот Пантелејмон, кој своевремено целиот свој живот го поминал во лекувањето на болните и во служба на изнемоштените“,
напиша Заев на својот профил на Инстраграм.
Пратката со 4 680 вакцини денеска ја прими премиерот Заев од српската делегација која ја предводеше Вучиќ. Вкупната количина која треба да ја добие земјава од Србија е 8000 вакцини.
Вакцинацијата почнува во среда, а со вакцините на „Фајзер“ први ќе бидат вакцинирани здравствените работници во ковид-центрите.