Премиерот Зоран Заев денеска попладне заминува за Мунстер, Германија, каде што утре на свечена церемонија ќе му биде врачена Меѓународната награда за мир на Вестфалија, која за 2020 година им беше доделена нему и на поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас.
Признанието за потпишувањето на Преспанскиот договор требаше да им биде врачено на 19 септември минатата година, но, поради пандемијата на ковид-19, организаторите одлучија да го одложат настанот за годинава.
„Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа историски договор кој како пример за врвен дипломатски пристап, реши отворено прашање и со тоа, меѓу другото, дадоа значаен придонес за стабилноста на Балканскиот регион“.
стои во образложението за наградата.
На свечената церемонија во Мунстер наградата на двајцата лауреати ќе им ја додели претседателот на Летонија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои ја добија оваа награда за 2019 година.
