Членовите на Заедничкиот управен комитет разговараа за годишните резултати на ОН за 2022 година, можностите и предизвиците со кои се соочува земјата и ги поддржаа Заедничките работни планови за 2023 година
Заедничките напори на Владата, Обединетите нации и партнерите се клучни за постигнување одржливи резултати кои ќе го подобрат квалитетот на животот на сите луѓе што живеат во Северна Македонија. Ова e главниот заклучок од денешниот состанок на Заедничкиот управен комитет на Обединетите нации (ОН) и националните институции, кој беше посветен на разгледување на имплементацијата на Рамката за соработка за одржлив развој (РСОР) 2021-2025 помеѓу ОН и Владата, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР).
Членовите на Заедничкиот управен комитет, додаваат од МНР, разговараа за годишните резултати на ОН за 2022 година, можностите и предизвиците со кои се соочува земјата и ги поддржаа Заедничките работни планови за 2023 година.
„Само со заеднички напори можеме да ги заштитиме човештвото и природата, особено ако сме посветени на постигнувањето на Агендата 2030, на национално и на глобално ниво. Целосната имплементација на рамката за соработка за одржлив развој е патот кон постигнување опипливи промени за луѓето во Северна Македонија, што резултира со подобри правни, поефикасни и поодговорни институции и поголема иднина за сите“,
рече Фатмире Исаки, заменик-министер за надворешни работи.
РСОР е клучен стратегиски документ што ја води работата на ОН во Северна Македонија и ја претставува колективната понуда на системот за развој на ОН за поддршка на земјата во постигнувањето на целите за одржлив развој. За да се осигури дека ги одразува интересите и приоритетите на сите луѓе во земјата, РСОР е развиен преку партиципативен и консултативен процес, почнувајќи со анализа на развојниот контекст на земјата, стратегиската приоретизација и нејзината операционализација преку годишните работни планови на ентитетите на ОН и засегнатите страни.
„Контекстот значително еволуираше од основањето на РОСР во 2020 година. Ковид-19 и неговото непосредно и долгорочно социо-економско влијание, проследено со тековните енергетски, безбедноста на храната и финансиските кризи – сите обликувани од војната во Украина – ставија значителен притисок врз Владата да продолжи да дава приоритет на реформските процеси и структурните промени бидејќи фискалниот простор се намалува, а ранливостите се зголемуваат. Со јасна цел и фокусирани стручни совети и поддршка, поткрепени со фокусот да не се остави никој зад себе, тоа ќе остане клучот на работата на ОН во Северна Македонија во 2023 година“,
вели Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија.
РОСР 2021-2025 година, исто така, ја одразува молбата на генералниот секретар на ОН за забрзана акција за спроведување на Агендата 2030 преку Декада на акција.