Станува збор за словенечки државјани или странци кои живеат во Словенија, а кои биле во земји со висок ризик поради епидемијата, а кои транзитираат низ Хрватска
Словенечките власти, од понеделник, на сите гранични премини со Хрватска ќе издаваат решенија за задолжителен карантин на патници кои доаѓаат од „црвените зони“ на ковид-19, потврди денеска министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.
Станува збор за словенечки државјани или странци кои живеат во Словенија, а кои биле во земји од „црвената листа“ – со висок ризик поради епидемијата, а кои транзитираат низ Хрватска. На оваа листа е и Северна Македонија, како и Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора,
Во изминатите три дена, Словенија регистрира по 19 нови случаи на заразени со ковид-19 дневно, а владиниот портпарол Јелко Кацин денес рече дека сите нови случаи биле од веќе познати жаришта, а дека инфекцијата е потврдена со тестирање додека биле во изолација.