„За движење во парк-шумите (на пр. Водно) и националните паркови, граѓаните да се информираат кај правните субјекти што управуваат со овие територии“, велат од Јавното претпријатие „Национални шуми“
На барање на Јавното претпријатие „Национални шуми“, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја продолжи забраната за движење во шуми и шумски подрачја до 30 септември, со оглед на зголемената опасност од пожари на шумски пожари на отворен простор.

Забраната се однесува на територијата со која стопанисува јавното претпријатие, а движењето низ шумските подрачја ќе биде дозволено со писмено одобрение издадено од подружниците на „Национални шуми“.
„За спроведување на забраната одговорни се вработените од ‘Национални шуми’, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Шумската полиција и МВР. За движење во парк-шумите (на пр. Водно) и националните паркови, граѓаните да се информираат кај правните субјекти што управуваат со овие територии“,
велат од ЈП „Национални шуми“
Мерката првично беше воведена на 1 јули, а беше предвидено да трае заклучно со 31 август.
