Полицијата казнила 1.529 моротџии во период од месец и половина кои направиле разни прекршоци. Голем дел од нив возеле без возачка дозвола, а најчесто не носеле кацига.
„326 учесници управувале со мотоцикл пред да се стекнат со право за управување (без возачка дозвола), 154 учесници управувале со нерегистрирани и со измината важност на регистрација на мотоциклот, 855 учесници не користеле заштитен шлем (кацига), а констатирани се и 121 друг прекршок направени од страна на оваа категорија учесници во сообраќајот“
велат од МВР.
Прекршоците се констатирани во текот на јули и август годинава од Секторот за сообраќајни работи во Одделот за униформирана полција при Бирото за јавна безбедност, во координација со организационите единици за контрола и регулирање на сообраќајот.
Од МВР соопштуваат дека при контролите задржани се 23 мотоцикли за утврдување на техничка исправност, при што кај 12 мотоцикли се откриени технички недостатоци, а еден мотоцикл е привремено задржан и е предмет на сомнение за сторено кривично дело.