Најголем дел од заболените или 119 лица се на возраст од 15 до 64 години. Најмногу заболени се пријавени во Дебар, Скопје, Гостувар и Куманово
За една недела, односно од 23 до 29 декември во земјава се пријавени 221 случај на заболени од грип или заболувања слични на грипот, што е 59 отсто повеќе во споредба со претходната година, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Најголем дел од заболените или 119 лица се на возраст од 15 до 64 години. Најмногу заболени се пријавени во Дебар, Скопје, Гостувар и Куманово.
Од ИЈЗ инфомираат дека вакцинацијата притив сезонски грип е наефикасна заштита од ова заболување.
Заклучно со минатата недела во државата се вакцинирани вкупно 72 143 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.